Охридските семејства Рамадани и Мармачоски кои останаа без своите домови поради временските неприлики и поради пожар ќе добијат парична помош од општина Охрид. Ова се должи на Предлог Одлуката за усвојување на записниците за проценка на настанатите штети која беше едногласно изгласна на денешната седница на Советот на општина Охрид.
-Донесена е одлука за директна финансиска поддршка односно исплата на 240.000 денари на секое семејство. Се надеваме дека со оваа помош ќе им помогне на овие граѓани да санираат дел од штетите и да ги возобноват своите домови, информираат надлежните од општина Охрид. Оттаму додаваат дека овој потег ја покажува континуирната грижа на локалната самоуправа за социјално загрозените граѓани.
Во рамки на денешната седница, советниците ја изгласаа и Предлог Одлука за усвојување на Елаборатот за проценка на штета од снежното невреме во општина Охрид кое се случи на 29-ти декември 2014 година.
OhridNews