Двете најпријатни изненадувања оваа сезона во Лигата на Шампиони, Тотенхем и Ајакс со меѓусебен дуел во Лондон ќе означат почеток на полуфиналните возбудувањата во најеминетното клупско натпреварување во Европа. Мечот се игра во 21 часот.

Тотенхем и Ајакс се покажаа како пеницилин за фаворитите за титулата. „Петлите“ во 1/4 финалните пресметки го елиминираа најголемиот фаворит Манчестер Сити, додека холанѓаните го поминаа Јувентус, а претходно Реал Мадрид.

  • Имаме одлична прилика да се покажеме во полуфиналето, бидејќи не се случува често клуб каков што е Тотенхем да игра помеѓу најдобрите четири. Прв пат сме овде, мора да го почитуваме натпреварувањето и да покажеме почит кон ривалот. Ајакс можеби најмногу заслужи да биде помеѓу полуфиналистите. Што се однесува до двомечот, очекувам да биде тежок и исцрпувачки, но ние сме подготвени. Тешко е да се најде слаба точка во редовите на Ајакс. Почнувајќи од тренерот па до играчите работат феноменално. Многу ме потсеќа Ајакс на нас, бидејќи никој не веруваше ниту во нив дека можат да дојдат до полуфиналето и да се борат за место во големото финале. – изјави менаџерот на Тотенхем, Маурицио Почетино.

За Ајакс учеството во полуфиналето нема да биде деби, но сигурно голем предизвик за младите момци предводени од Ерик тен Хаг. „Црвено белите“ се преткратен шампион на Европа, но помеѓу најдобрите четири не се пласирани повеќе од 25 години.

  • Нашите играчи иако се млади на теренот се многу зрели. Претходните три години одиграа голем број на квалитетни натпревари на клупско и репрезенативно ниво и веднаш се забележува напредок. Притисокот постои поради нашата историја и традиција, но нема да се оптоваруваме, затоа што фудбалерите треба да уживаат играјќи против Тотенхем во 1/2 финалето. На секој меч се трудиме да бидеме најдобри, да бидеме свои, а ќе направиме се` така биде и во Лондон. – изјави Тен Хаг.

Натпреварот во Лондон се игра во 21 часот, а ќе го суди шпанскиот арбитар Антонио Матеу. Во вториот полуфинален меч силите ќе ги одмерат Барселона – Ливерпул.

OhridNews