Малите Германчиња не се откажуваат од патот за Африка.

Двете деца од Германија се обидуваат на сите начини да отпатуваат за Африка, а вчера по вторпат побегнале од дома со цврста намера да стигнат до афричкиот континент.

7-годишното момче и неговата 6-годишна пријателка од градчето Лангехаген во близина на Хановер во новиот обид успеале да стигнат до трамвајската станица, откако првиот пат успеале да стигнат до главната железничка станица во Хановер.


Полицијата за Нова година ги пронајде децата на перонот, а со нив била и помалата сестра на девојчето. Со себе имале многу опрема за плажа. На полицајците им рекле дека тргнале на пат за Африка каде планираат да се венчаат.

Во новиот обид за патување, кој наместо во Африка заврши на блиската трамвајска станица, несудените „младенци“ тргнале сами, без кумата.

Ако ве инересира како сето тоа започна кликнете овде.