Две дечиња од Албанија кои со скок од прозорец од своите станови за време на катастрофалниот земјетрос кој ја погоди земјата минатата недела ги спасија своите животи имаа специјален прием кај двоецот од Јувентус, Кристијано Роналдо односно Џајнлујџи Буфон.

Аурел Лала (7 години) и Алесио Цакони (10) години за својот херојски потег најпрво добија честитки од Премиерот на Албанија Еди Рама, кој им ветил средба со идолите на двете дечиња. Во земјотресот Аурел ги загубил бабата и сестрата додека Алесио останал без татко си и сестрата.

Ова не е само за двете дечиња, туку за цела Албанија која доживеа голема трагедија. Сите луѓе заслужуваат орден за храброст бидејќи не потклекнаа и покрај големите човечки и материјални загуби. – изјави албанскиот премиер.

Бројот на жртвите се искачи над 50, а материјалните штети се големи бидејќи се урнаа куќи, згради и нови хотели.

OhridNews