Американскиот актер Двејн Џонсон, попознат под прекарот Рок, ја добил главната улога во филмот Херкулес чија премиера е закажана за следната година. Своето набилдано тело решил уште малку да го „напумпа“ за потребите на снимањата, па овие денови не излегува од теретана. Рок на својот Твитер поставил фотографии на кои напорно работи на справите за вежбање и тоа без маица.

Актерот изјавил дека припремите за улогата на Херкулес бараат многу жртви, а исхраната моментално му се сотоела воглавно од протеини. По Херкулес, кој ќе го режира Брет Ратнер, Двејн би требало да се појави и во Терминатор 5, рамо до рамо со уште еден набилдан актер, Арнолд Шварценегер.