Едно двегодишно момче од Англија станало најмладиот член на Менса, меѓународна организација за натпросечно интелегентни луѓе. На Оскар Врајли во текот на тестирањето му е утврден коефициент на интелегенција повисок од 160, исто како и научникот Алберт Ајнштајн. Таткото на детето изјавил дека неодамна Оскар на мајка си и зборувал за репродуктивниот циклус на пингвините и дека тоа е само еден пример дека нивното дете е поинакво од своите врсници.
Тој додал дека секој родител мисли оти нивното дете е посебно, но со Оскар знаеле дека тоа е поинаку. Од Менса потврдиле дека момчето е со супериорна интелегенција која треба да се насочи со време.