Фотографот Бери Бленд, татко на малата Емили, кога ја слушнал приказната за осамениот орангутан, ја повел својата ќерка со себе во институтот за загрозени видови во Мајами за да ги слика.

Емили во американскиот институт видела многу загрозени и ретки видови. Меѓутоа, кога го видела едногодишниот Риши, се родила несекојдневна љубов. Младиот орангутан се родил во центарот за животни, но бил отфрлен од мажјаците во групата. Морале да го одвојат од семејството и да го преселат во институтот. Новото семејство веднаш го прифатило. Кога ја чул приказната за осамениот орангутан, Бери сакал да го фотографира. Емили и Риши веднаш се засакале. Емили го гледа својот пријател како да е човек. Го турка во количката како мало бебе, си играат и со прегратки и бакнежи постојано си искажуваат љубов еден на друг. Бери на шега вели дека се надева дека Емили од Риши нема да ги поприми лошите навики за однесувањето на трпеза.