Двегодишно детенце, што со својата мајка било во посета на зоолошката во Питсбург, загина, откако паднало во просторот на дивите африкански кучиња, јавува Аssociated Press, пренесува „Макфакс“.

Не е јасно дали детето починало од падот од пет метри или од нападот на кучињата, кои веднаш се стрчале кон него, вели директорот на Зоолошката, Барбара Бејкер.

„Беше застрашувачко“, вели поручникот Кевин Краус од питсбуршката полиција, кој додава дека кучињата веднаш го нападнале машкото дете по падот, околу 11.45 во неделата.

Кога детето паднало, други посетители веднаш ги известиле службениците во Зоолошката, кои реагирале заедно со полицијата.

Чуварите во Зоолошката успеале да избркаат седум од кучињата, кои се прибрале во нивната куќичка, а три биле одвлечени од детето.

Сепак, едно од кучињата било многу агресивно, па полицијата морала да го убие.

Зоолошката била затворена, а не се знае кога повторно ќе биде отворена за посетители.

Властите не ги објавија имињата на детето  и мајката, за која  американските медиуми пренесуваат дека е 34-годишна жена која живее во Плезант Хилс, во предградието на Питсбург.

Таткото на детето дошол во Зоолошката веднаш по несреќата, јави полицијата.

OhridNews
извор:„Макфакс“