Со суспензијата од две години на 33 годишниот дефанзивец му се доведува во прашање крајот на кариерата. Казната тече од 19 јуни минатиот месец кога беше објавено дека Вајс е позитивен на допинг тестот.
Вајс во минатото настапуваше за Работнички, Металург, Вардар, а во времето на Среќко Катанец беше стандарден член на македонската репрезентација.