Малата австралијанка Андреа Аелита неодамна туку што проодела. Има само две години и како другите деца на таа возраст многу сака да си игра. Меѓутоа она што ја одвојува од нејзините врсници е нејзиниот брилијантен сликарски талент.


Зад себе веќе има една изложба, а сите сомнежи на скептиците кои не верувале во нејзиниот талент ги разуверила кога пред бројните гости насликала уште една слика. Сопственикот на галеријата кој ги изложил сликите на девојчето дури подоцна разбрал дека сликите кои се наоѓаат на ѕидовите се дело на двегодишно девојче.

Родителите и се сликари, а гордиот татко Мајкл истакнал дека нејзиниот талент го забележале додека си играла со бои и четки.