Двегодишно момче побегнало од градинката во германскиот град Неухаус ам Ин и самото на тротинет успеало да премине во соседната држава, до блискиот австриски град Сардинг, соопштила локалната полиција.
Тој во својот подвиг прешол околу три километри, пред минувачите да го забележат детето без надзор и да го предадат на полицијата. Таму чекал два часа додека не стигнала информацијата за побегнатото дете од градинката. Медиумите пренеле дека момчето отишло во посета на својата баба.