Охридската атлетичарка Марија Јованоска се закити со две златни одличја на Националниот младински шампионот кој се одржа изминатиов викенд во Скопје.

Јованоска својот квалитет и добра форма на спринтерски трки ги потврди со триумф на 100 и 200 метри.

Награда за победите на Јованоска е билетот за учество на Балканијадата за младинци која ќе се одржи на 12 септември во Турција.

Атлетичарите кои ќе бидат дел од македонската репрезентација во Охрид се подготвуваат и ја брусат формата за што подобар успех на собирот на најдобрите атлетичари од Балканот.

OhridNews
Фото: Архива