Карате клубот „Кун-су-то” од Охрид вчера со седум свои натпреварувачи учествуваше на меѓународниот карате турнир „Ѓорче Петров опен 2023″ во Скопје, каде освои 2 златни, една сребрена и четири бронзени медали.Анастасија Смилевска освои прво место борби кадетки +54 кгр, Тамара Ѓурчиноска освои прво место во борби јуниорки +59 кгр и трето место во категорија -59 кгр, Дамјан Митрески освои второ место борби кадети -52 кгр, Сара Цикуш освои трето место борби јуниорки +59 кгр, Наум Велкоски освои трето место борби р.2010 година -50кгр и Георги Меркоско освои трето место кадети -63 кгр.
Ова беше трет викенд каде неуморните каратисти освојуваат медали. Претходните два викенди учествуваа на меѓународен турнир Тетово Опен 2023 во Тетово и Струга Опен 2023 во Струга каде и на двата се покажаа во одлично светло и освоија медали. Нивното учество на сите овие турнири е проверка пред престојното државно првенство во карате за кадети, јуниори и помлади сениори -21 година кое ќе се одржи во Скопје на почетокот на месец ноември, велат од клубот.
OhridNews