Управата на Ракометниот клуб Охрид со засилено темпо работи на трансфер пазарот доведувајќи две засилувања во еден ден. „Гладијаторите“ се засилија Златко Везенковски и Дарио Симоноски.

Везенковски во Охрид се преселува од тимот на Пелистер, додека стружанецот Симоноски минатата сезона настапуваше во редовите на Металург Јуниор.

РК Охрид со ангажманот на Везенковски и Симоноски продолжува со ветеното, односно да формира екипа со играчи од домашно тло, со која ќе се брка пласман во плејофот.

Претходно, нови договори со охридскиот ракометен клуб потпишаа Крсте Андоновски, Иван Тасески и Бобан Блажески, а нов голман е Мартин Јовановски. Славиша Димитријески и управата не најдоа заеднички јазик и бекот заминува од Охрид.

Охридските ракометари подготовките за новата сезона ќе ги започнат следниот месец.

OhridNews