Изминатиот викенд во Прилеп се одржа 6-тиот по ред Куп во гаѓање  со воздушно оружје од меѓународна програма.

Стрелците на СК “Охрид“ со две втори места се враќаат од Прилеп.

Во сениорска конкуренција Горан Здравески го освои второто место со освоени 567 кругови. Во јуниорска категорија Михаил Шишкоски со 559 кругови се пласира на второто место, додека Ангелко Китески со 535 кругови на заврши на четвртото место.

Солидни резултати на двајцата второпласирани имајки во предвид дека нашиот олимпиец Сашо Несторов  на вчерашниот натпревар имаше 559 кругови.

ohridnews