Учeничката во 8-мо одделение во ОУ „Григор Прличев“ Венеса Бакреска, во неколку дена освои две втори места на државни натпревари.
Најпрвин на натпреварот по математика што се одржа на 9-ти мај, венеса под менторство на наставничката Марика Бубеска, беше втора и избори пласман на математичката олимпијада. Истиот успех таа го повтори и на натпреварот по физика што се одржа викендов, за кој деновиве ќе бидат објавени конечните официјални резултати. Инаку на натреварот по математика за 8-мо одделение нејзината соученичка од ОУ „Григор Прличев“ Ангела Трпческа, исто така под менторство на Марика Бубеска, го освои третото место.
Успехот на државните натпревари го потврдува талентот и капацитетот на младата Венеса, пред која веруваме стојат уште многу успеси.
Инаку на споменатиот државен натпревар по математика, во конкуренција на ученици од 7-мо одделение Ана Димоска ученичка во ОУ „Григор Прличев“, под менторство Лилјана Фанкоска за само еден бод заостана зад победниците, но исто така и таа го освои првото место кое ја води на математичката олимпијада. Пласман на овој натпревар обезбеди и ученичката Христина Митреска од ОУ „Христо Узунов“, која под менторство на наставничката Виолета Китеска го освои второто место, додека Кристина Киселинова, учленичка во ОУ „Св. Климент Охридки“, под менторство на Јелена Велјановска беше трета, исто како и Јован Лазарески од ОУ „Христо Узунов“ кој настапи под менторство на наставничката Виолета Китеска.
Кај деветтооделенците најдобар успех постигна Теодор Недевски од ОУ „Григор Прличев“ кој под менторство на Анита Николоска го освои третото место.
OhridNews