На 12.08.2024 во 01.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Струга, кај Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, патничко возило „опел астра“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 40 годишно лице од Струга, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во болницата „Св.Еразмо“, информираат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Охрид.

На 11.08.2024 околу 15.20 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат на влезот на с.Лабуништа, струшко, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 23 годишно лице од с.Лабуништа, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците, еден од Ресен, двајца од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Струга.

OhridNews