На Клиниката за ортопедија во Скопје изминатиов период извршени се две трансплантаци со коски од починати дарители.
Едната трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа.
Во минатото корекција на деформитет се правела со користење на дел од надворешната коска на потколеницата која се земала од пациентот. Притоа се појавувал дефект кој тешко се корегирал. Со користењето на коска од кадавер, оперативниот зафат трае многу пократко и не остава дефект на друго место кај пациентот, а и корекцијата е многу постабилна, посочуваат од Клиниката.
Екипата која ја изврши трансплантацијата, велат, ја предводеше проф.д-р Зоран Божиновски со анестезиологот д-р Лилјана Ангелеска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Кристина Јордановска, заедно со средно-медицинскиот кадар Менче Дојчиновска и Оливера Лазаревска.
Експертизата и стручноста остануваат наш императив и силно сме фокусирани на нови методи и процедури во трансплантацијата, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.
Претходно беше извршена успешна трансплантација со имплант, односно коска од починат донор, на два прста кај 13 годишно дете со брахидактилија. Ваков тип на трансплантација, како што истакнуваат од Клиниката, за првпат е извршена кај нас и детето е со уреден постоперативен тек.
OhridNews