Една од најфрекфентните улици во центарот на Охрид, „Димитар Влахов“, заедно со улицата „Мите Богоески“ од денеска се реконструираат и санираат.
Двете улици, според одделението за комунален развој и животна средина при општина Охрид ќе добијат нов лик по целата должина.
Ќе се работи и на кракот кон стамбениот комплекс позади општинската зграда, како и на улицата „Димитар Вахов“, комплекс згради помеѓу централната детска градинка и пресекот со улицата „Мите Богоески“.
Од општината апелираат, жителите од наведените улици да ги отстранат возилата и да не се паркираат заради непречено одвивање на работите.
Ohridnews