На прашањето „што според вас е поважно“, 66,5 отсто од анкетираните се определиле за сочувување на името, додека 26,2 отсто сметаат дека влезот во евро-атланските структури е поважен за земјата, додека 7,3 отсто немале одговор на прашањето.
Гледано според етничката припадност, дури 82,1 отсто од Македонците се изјасниле за сочувување на името, додека за 77,8 отсто од испитаните Албанци поважен е влезот на земјата во ЕУ и НАТО.
Истражувањето, кое е спроведено на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници, покажува дека речиси половина од граѓаните сметаат дека најголемо влијание треба да и се посвети на економијата. На прашањето „На која области треба да и се посвети најголемо внимание во приближувањето на Р. Македонија кон ЕУ?“, 46,1 отсто се определиле за економијата, 22,3 отсто за судството, 15,1 отсто на безбедноста, додека 6,1 отсто се определиле за нешто друго. Одговор на ова прашање немале 10,4 отсто од испитаниците.
За разлика од претходното прашање, постои усогласеност по етничка основа дека економијата е областа на која најмногу треба да се посвети внимание.
Анкетата е спроведена телефонски во периодот меѓу 3-ти и 4-ти јули.
извор: Makfaks