Ракометниот клуб Вардар започна со екипирање на составот за следната натпреварувачка сезона. „Црвено црните“, вечерва, активираа две трансфер бомби, ангажирајќи ги репрезентативниот голман Мартин Томовски односно Шпанецот Едуардо Гурбиндо.
Томовски ќе биде големо засилување за голманската позиција, со оглед на репрезентативниот статус и искуството, кое го акумулираше играјќи во Бундес лига. Гурбиндо, пак, ќе ја покрие проблематичната десната бековска позиција во екипата. Шпанецот моментално е соиграч на Кирил Лазаров и сигурно клубот од „Јане Сандански“ е запознаен со неговите квалитети.
Од поодамна, Вардар, ги договори десното крило Дарко Ѓукиќ и Хрватот Анте Кудуз, кој игра на левата бековска позиција.
OhridNews