Продолжението на блокбастерот до 1996 година „Ден на независноста 2“ (Independence Day) треба да започне со прикажувањето на 3-ти јули 2015 година, а според режисерот Роланд Емерих сé уште е неизвесно дали Вил Смит ќе ја повтори ролјата на капетанот Стивен Хилер, пишува порталот The Playlist.
Улогата на Вил Смит во филмот сé уште не е сигурна поради тоа што сценаристот Џејми Вандербилт напишал две сценарија, едното со Вил Смит и второто без него.
Роланд Емерих кој во моментов го промовира блу-реј/ДВД изданието на акциониот трилер „White House Down“ Ченинг Тејтум и Џејми Фокс, открива за The Playlist дека работат ана новиот филм е многу исцрпувачка и кога станува збор за сценариото, и актерите и буџетот, но дека сепак напредува.
Се осврнува и на прашањето дали филмот ќе биде поделен во два дела. „Размислував за тоа да минам четири години од својот живот на еден филм, и не сакава да се претворам во нешто од тој филм. Сепак, тоа е филм за вонземјани, а јас не сакам да се претворам во вонземјанин“, изјавил Емерих.
Се претпоставува дека своите улоги од првото продолжение ќе ги повторат Џеф Голдблум, како и Дејвид Левинсон и Били Палман како претседателот Витмор.
Овој високо технолошки омаж на филмовите од жанрот катастрофи од 1970-те и воените филмови од 1940-те кој раскажува за судирот со непријателски настроените вонземјани и тешката борба за опстанокот на Земјата, од моментот на прикажување заработи повеќе од 800 милиони американски долари.
OhridNews
извор:„Макфакс“