Охридските кик боксери Арџент Узеири и Артан Алиу кои беа дел од македонската репрезентација освоија две сребрени одличја на интернационалниот викенд, кој се одржа во Босна и Херцеговина.
Со сребрен медал Узеири се закити во категоријата до 78 килограми додека Алиу во категоријата до 60 килограми што преставува голем успех за охридските кик боксери.
Покрај кик боксерите од охридскиот „Голден тим“ на турнирот во БиХ учество зедоа најдобрите кик боксери од Македонија и освоија 15 медали.
Ohridnews