Охридскиот огранок на Академијата Пандев освои две сребрени одличја на екстра квалитетниот турнир во Драч, Албанија кој се одржа викендов што измина.
Медаљите за „академците“ ги донесеоа фудбалерите од 2000 и 2004 генерација кои претрпија пораз во борбата за златниот медал.
Фудбалерите родени 2004 година и помали во конкуренција од 28 екипи од Албанија, Косови и Грција поминаа низ сито и решето до пласман во финалето.
Во 1/2 финалето охридските фудбалери го совладаа составот на Пепа 2-1, а во финалето претрпеа пораз од Кино Студио 2-1. Во 2004 година голманот на Академија Пандев, Петар Симоноски беше прогласен за најдобар.
Исти резултат имаа и фудбалерите од 2000 година кои во финалето претрпеа пораз од домаќинот на турнирот Интернационал.
Охридскиот огранок од најдобриот фудбалер во Македонија на турнирот во Драч учествуваше и со 2002 генерација, која испадна во елиминациската фаза.
Ohridnews