Третиот ден од Европското универзитетско првенство кое се одржува во Сараево, беше и најуспешен за нашите каратисти.   Последниот ден освоени се дополнително уште два сребрени медали и четири бронзени медали. Со тоа се заокружи и билансот на освоени медали од сите три дена од европското првенство,  кој изнесува вкупно девет медали од кој четири сребрени и пет бронзени медали.

 

По број на освоени медали ова преставува досегашен најголем успех, кој е постигнат од досегашните учества на Европските универзитетски првенства на Македонските каратисти.

На ова првенство од Македонија заминаа преставници од три универзитети и тоа Св Климент Охридски од Битола, Св Кирил и Методиј од Скопје, како и Гоце Делчев од Штип.

Последниот ден со медали се закитија:

1.Наташа Стефановска во категоријата на -61 кг Св Кирил и Методиј член на Макпетрол

2.Жарко Арсовски категорија + 84 кг Универзитет Гоце Делчев од Штип член на Макпетрол
3.Мартин Несторовски Св.Кирил и Методиј – член на Металург
4.Огнен Груевски категорија -84 кг.Св.Кирил и Методиј – член на Металург
5.Иво Цветковски категорија -75 кг Св.Кирил и Методиј – член на Металург
6.Стојан Тасевски категорија -84 кг Св.Кирил и Методиј – член на Металург

Да потсетиме претходните два дена медали освоија:
7.Ката тимот екипно во состав Верица Трајковска, Зорица Спиркоска и Сања Николиќ

8.Мери Радичевска во категоријата -50 кг Св Кирил и Методиј член на Макпетрол

9.Машкиот тим на универзитетот Св Кирил и Методиј во најтешката дисциплина екипно борби го освои сребрениот медал.

“макфакс“
Ohridnews