Компанија за кабли од Сан Диего очекувала испорака на стока од Лос Анџелес. Кога пратката пристигнала, внатре било откриено изнанадување, двајца слепи патници, изгладнетите мачиња Маус и Вифи, кои по грешка биле спакувани во кутијата веднаш после раѓањето. МАчињата биле во лоша состојба кога биле откриени, бидејќи не биле хранети за време на свето патешествие. Тие сега закрепнуваат, по далечното патување од стовариштето во Лос Анџелес до Сан Диего.

вработен во магацинот ги открил во кутијата кога ја добил пратката, и го повикал својот внук, кој работел во организацијата за заштита на животни во Сан Диего. Џени Боними од прифатилиштето за животни вели дека мачката веројатно ги окотила мачињата во кутијата, која била полна со стиропор, и ги оставила таму додека била во лов. Мачињата кога биле пронајдени на себе сеуште имаче папучна врвка, и биле во многу лоша состојба. Две нседмици подоцна закрепнуваат и чекаат нов сопственик.