Ракометарите на Охрид ќе имаат два меча шанса за докажување и надигрување со македонскиот шампион и учесникот во 1/4 финалето од Лигата на Шампиони, Вардар.


Првиот од двата дуели „гладијаторите“ против Вардар ќе го одиграат во Скопје со почеток од 14 часот во рамките од Супер лигата додека вториот е закажан за в петок во 1/2 финалето од Купот на Македонија.

Во првиот меч сезонава охридските ракометари изгубија, но не се посрамотија со Вардар, а таква борба најавуваат и на следните два мечеви.


Се освен убедлива победа на Вардар над Охрид ќе биде изненадување, но охридските бели подготвени се за надигрување со ракометниот гигант.

Охриѓани мечот со лидерот во Супер лигата го пречекуваат после триумфот над Работнички додека „црвено црните“ имаат перфектен учинок после пет мечеви во плејофот.

OhridNews