На трката на 400 метри со пречки најбрз беше Блаже Љушев кој патеката ја истрча за 1.05.80.
Кај младинките најуспешна беше Александра Спасеска АК 3-Ноември со освоени три први места (100 м, далечина и штафета 4 х 100 м), додека кај младинците најуспесен беше Кристијан Ефремов од АК Изгрев со три први места (100 м, 400 м и штафета 4 х 100 м).
Највреден резултати според ИААФ таблицата постигнаа Александра Спасеска во трката на 100 метри со резултат од 12.71 секунди (со недозволен ветар од +2.5 м/с) и Јованче Јанковски во скок во височина со прескокнати 195 сантиметри.