Охридските боксери во шестата рунда од националниот шампионат забележаа две победи и пораз.


Триумф со прекин во првата рунда славеше Димитар Јованоски додека во три рунди нови бодови прокнижи Бојан Ристески.

Во драматичен и неизвесен меч Илчо Јоноски претрпе пораз 2-1 од Димитар Ташков.

Виктор Спироски во првата борба во категоријата кадети претрпе пораз, но, блескаво го престави охридскиот бокс.

Мх.П.