Опивањето во авион и не е некаква новост, но две британки враќајќи се од грчкиот остров Кос за Манчестер, за малку не предизвикале несреќа. Авионот на компанијата XL Airways морал принудно да слета во Франкфурт, бидејќи пијаните и борбени британки го нападнале екипажот, а потоа сакале да ја отворат вратата на авионот во лет за да „пуштат свеж воздух во авионот“.


Инцидентот се случил во Австрија на 10 000 метри височина, а капетанот заради сигурност одлучил непланирано да слета во Франкфурт за да ги исфрлат патничките од авионот. Но, немирните британки не ги смирила ниту најавата за слетување па со сочни пцовки и физички напад се обиделе да се „пресметаат“ со екипажот, па обезбедувањето морало да ги чува на нивните седишта до слетувањето. На летот имало 215 патници и седум членови на екипажот.

По слетувањето, после 2 часа испитување од страна на полицијата, на британките сепак им е дозволено да се вратат во Велика Британија со истиот авион. Но, компанијата XL Airways најавила тужба против девојките.