Владата го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од училиштата за организирање на настава со физичко присуство во учебната 2020/21. Целосна согласност за физичко присуство на настава добија 224 основни и само едно државно средно училиште.
Во Охрид, целосна дозвола за организирање настава со физичко присуство за учениците од четврто до деветто одделение добија само 2 основни училишта во руралните средини и тоа одрачното ОУ „Ванчо Николески“ с. Косел/ Куратица и Централното основно училиште „Наум Охридски“ во с. Пештани/Eлшани/Коњско/Трпејца.
Од останатите училишта во градот, само уште Основното мнузичко училиште „Методи Патче“ од Комисијата за заразни болести доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од прво до деветто одделение, со подготвен план од училиштето само за индивидуална настава за избраниот инструмент, со согласност на родителот и со почитување на заштитните епидемиолошки мерки пропишани во протоколот за настава со физичко присуство. Не се дава согласност за наставата со физичко присуство за учениците по теоретските предмети, солфеж, хор,оркестар и хорско пеење. – информира Kомисијата.
Г.М.