– Оваа хуманитарна акција ја правиме со чисто срце сакајќи да им помогнеме на луѓето кои навистина имаат егзистенцијални и социлајни проблеми и кои што тешко преживуваат, за и тие што е можно подоинствено да ги поминат Велигденските празници, истакна Атанаско Михаилов, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ – Охрид, додавајќи дека луѓето кои што имаат треба да им помогнат на луѓето на кои им треба помош.
Михаилов рече дека денешната активност имала исклучиво хуманитарен карактер и најави дека и во иднина огранокот на неговата партија во рамки на можностите ќе им помага на социјално загрозените категории граѓани во Охрид.