Одлично подготвената патека која се одликува се голема динамика и континуитет на напорни угорнини и технички брзи спустови по корењата низ боровата шума, во недостиг на моменти за краткотраен одмор, ги остава велосипедистите без здив. Овие карактеристии и елевацијата на патеката беше основната причина одборот на Балканската Федерација да одлучи оваа патека да биде домаќин на Балканскиот Шампионат во 2010. Нашиот велосипедист Јован Јованоски во дресот на Македонската Репрезентација, тогаш во категоријата на млади кадети успеа да се избори за бронзениот медал, кој за него претставуваше прв медал од меѓународен карактер. Од тогаш па наваму оваа патека на некој начин е блиско поврзана со членовите на Велосипедскиот Клуб Екодром од Охрид, кој традиционално веќе трета година по ред земаат учество на настанот.
Овој викенд од членовите на клубот учествуваа во категоријата на Јуниори Јован Јованоски и Петар Упевчески и во категоријата на Кадети, Новица Велјаноски. Напорната патека со должина од 3,4км Јуниорите имаа за задача да извозат 4 круга а Кадетите 3 круга. На стартот се пријавија севкупно 94 велосипедисти од клубовите во Р.Србија, а како гости на настанот учество зедоа клубови од Црна Гора, Бугарија и Македеониа. Трофејот Црна Трава повторно во рацете на Јован Јованоски, кој повеќе од одлично ја извозе напорната патека и тоа во поглемиот дела како соло без конкруенција, односно истовремено е и севкупен победник со најбрзо време, одминувајќи ги и сениорите за минута и пол. Петар Упевчески во изедначена борба на последниот круг, поради премногу заостанати велосипедисти не успева да ја задржи втората позиција и натпреварот го завршува како трето пласиран. Новица Велјаноски во својата категорија на Кадети, натпреварот го заврши повеќе од солидно на четвртата позиција.
Наш следен настап е викендот од 11/13.07 на натпреварот во Бјело Поље, во организација на Велосипедската Федерација на Црна Гора и UCI – Интернациналната Унија и е дел од светската бодовна листа.