Мартина Мироска и Славчо Мирчески освоија по еден медал на интернационалниот митинг кој се одржа на 21 мај во албанскиот град Елбасан.
Мироска ја потврди својата форма постигнувајќи резултат од 5.75 метри во дисциплината скок во далечина што беше доволно за третото место.
Мирчевски во истата дисциплина со резултат 7.09 го освои бронзениот медал, а заостануваше само 2 сантиметри од второпласираниот атлетичар од Албанија.
Мироска и Мирчевски со постигнатиот резултатот во Албанија одново се најдоја на првото место на светската таблица за учество на Олимписките игри во Рио.
OhridNews