Карате клубот Фудошин од Охрид се закити со две одличја на Државното првенство во Ката при Македонската традиоционална карате федерација (МТКФ) кое се одржа во Скопје.
Медали за охридскиот клуб донесоа Мурат Умер кој се закити со златен медал во категоријата сениори и Нина Ангелоска која освои бронзен медал во кадетската конкуренција.
Карате клубот Фудошин под водство Ѓоко Томоски настапи со шест натпреварувачи и се престави во добро светло пред елитата во традиционалното карате.
Од клубот инфомираа дека приоритет ќе стават на Државните првенства, а ќе направат напори да учествуваат и на другите турнири. Но фокусот ќе биде на Европскиот кој ќе се одржи оваа година во нашата земја.
OhridNews