Македонскиот фудбал остана само со еден преставник во Лигата на Европа, а на стартот имаше три свои преставници.
Тетовските екипи Ренова и Шкендија завршија во првото квалификациско коло додека Работнички помина понатаму.
„Гипсарите“ во двата меча против Дачија претрпеа два порази (1-0 и 4-1) и не им остави многу просто за жалање.
„Црвено црните“ во двомечот со шкотски Абердин не претрпија пораз, но погодокот примен на домашен терен (1-1) беше пресуден по ремито без голови во реванш дуелот.
Освојувачот на Купот на Македонија, Работнички со победа 2-0 му одговори на тимот на Флора која во првиот мече славеше со минимални 1-0.
Во втората рунда „романтичарите“ ќе се сретнат со екипата Јелгава од Литванија.
Ohridnews