Викендов во Штип во организација на Боксерската федерација на Македонија и техничка организација на Боксерскиот клуб “БАРГАЛА” од Штип, се одржа четвртото коло од Екипното првенство во бокс на Македонија за 2009 година.

На првенството 9 Боксерски клуба, и тоа: Скопје, Шкупи и Тернипе од
Скопје, Баргала – Штип, Охрид – Охрид, Куманово -1947, Фајтер – Илери –
Куманово, Ас – Прилеп и Синди – Струга, со вкупно 29 боксери.


Охридските боксери извојуваа две победи, Ване Никодиновски беше посушепен од Авдуш Фета на поени, додека Илчо Јоноски го нокаутираше Ријат Емрулаи од Фајтер Илери.


Наредното 5-то Коло од Екипното првенство во бокс на Македонија, ќе се одржи во месец Октомври 2009 година во Техничка организација на БК ” Шкупи”  – Скопје во Скопје.

ohridnews