Во последните 24 часа се регистрирани 75 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 52, во Битола – осум, Берово – четири, Велес – три, Охрид – два, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Неготино и Крушево – по еден. Починати лица не се пријавени, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 12 реинфекции.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје има 331 активен случај, во Битола – 44, Охрид – 30, Штип – 18, Велес и Берово по десет, Неготино – осум, Прилеп – седум, Тетово и Кавадарци по шест, Куманово и Кочани по пет, Гостивар – четири, Кичево и Свети Николе по тројца, Гевгелија – двајца, Струмица, Струга, Гевгелија, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Виница и Крушево по еден.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје на 86-годишна возраст, починато во болнички услови на 31-ви минатиот месец.

OhridNews