Кошаркарскиот клуб АВ Охрид ги засили своите редови со двајца нови кошаркари. Помеѓу јатото на охриѓани „слетаа“ Американецот Рос Кенет Милер и српскиот интернационалец Давид Миладиновиќ.

Рос Кенет е старо ново засилување, бидејќи боите на охридскиот клуб ги бранеше минатата сезона, а 21-годишниот Миладиновиќ (209см/110кг) кој доаѓа од Динамик ќе ја покрие центарската позиција на паркетот.

Шанса за деби двете нови засилувања ќе имаат в сабота на гостувањето кај Кожув во втората рунда од Првата македонска кошаркарска лига.

АВ Охрид од Спортската сала „26 април“ обезбеди видео пренос во живо кој ќе може да го проследите на следниов линк. Мечот започнува во 17 часот.

OhridNews