Градскиот кошаркарски клуб Охрид деновиве доби две нови засилувања. Станува збор за американците Ледариус Бруер и Буги Андерсон.
Бруер доаѓа на позицијата бек-шутер, додека Андерсон ќе биде задолжен на позицијата плеј. Бруер е роден во Мисисипи, висок е 196 цм и претходно беше играч на универзитетот UAB Blazers. Андерсон е роден во Аризона и има висина од 191цм. Претходно беше играч на универзитетот Southeastern Louisiana, информираат од ГКК Охрид.
ГКК Охрид на табелата по одиграните 13 натпревари од првата полусезона во Првата кошаркарска лига се последни со 15 бода, додека лидер на табелата е МЗТ Скопје со 25 бода.
Втората полусезона кошаркарите на Охрид ја стартуваат на 20 јануари со екипата на КК Кожув од Гевгелија.
OhridNews