На патот Струга-Дебар, утрово, во 2 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со  скопски регистарски ознаки, управувано од 39-годишно лице од Струга и мотоцикл „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17 годишен малолетник и каде сопатник бил уште еден 17 годишен малолетник и двајцата од сструшкото село Лабуништа.

Во незгодата двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во болницата ,,Св.Еразмо-Охрид’’.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.

OhridNews