„Малата книга за големите грчки лаги“ од  Ристо Стефов и „Старогрчки и други антички сведоштва за посебноста на античките Македонци“ од Александар Донски, се двете книги кои беа промовирани деновиве во просториите на Културниот центар Илинден во Сиднеј, Австралија.

Промотор на неодамна издадените дела бил Виктор Бивел, издавач и писател од Сиднеј. Од Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Австралија информираат дека Бивел при своето излагање нагласил дека издавањето на овие историски дела е направено во правилен момент кога целата светска јавност дознава повеќе за лагите и прекривањата на економската криза во Грција.

-Лагите на Грција  не завршуваат само таму, туку  целата грчка историја и формирањето на грчката држава е заснована врз лаги. За да ги сокријат своите лаги при присвојувањето на македонски територии, сокриваат значајни факти за посебноста на македонската нација и прават секакви обиди да ја уништат.-рекол Бивел, во рамки на промоцијата.

Македонските иселеници во Австралија се надеваат дека овие две книги, кои се преведени и на англиски јазик, ќе донесат крај на шовинистичката пропаганда, која неколку децении шизоидно шири лаги за Република Македонија и го спречува нејзиното членство во ЕУ и НАТО.

OhridNews