Градот под Самоиловите тврдини и терените на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ во зимскиот преоден рок ќе бидат домаќини на четири екипи кои за сега го потврдија доаѓањето на зимски подготовки во Охрид.

Водечката екипа во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија официјално подготовките ќе ги започне во Охрид во вторник на 9 јануари. Тетовските „црвено црни“ ќе се задржат до 16 јануари, а со подготовките потоа продолжуваат надвор од нашата земја.

Традиоционално во Охрид батериите за продолжението од сезоната ќе ги полнат фудбалерите на Ренова. „Гипсарите“ во Охрид ќе дојдат на 23 јануари, а ќе се задржат до 1 февруари.

Екипата на Мачва од Србија чии преставници беа во работна посета на Охрид ќе дојде од 25 јануари, а ќе се задржи 10 дена. Последен состав кој ќе пристигне во Охрид ќе биде тимот на Јавор кој ќе дојде на крајот од јануари.

Во текот на подготовките екипите ќе одиграат контролни натпревари со тимовите од Македонија кои се натпреваруваат во Првата и Втората македонска фудбалска лига.

Мх.П.