Две лица загинаа, од кои едното е 9-годишно дете, а уште четири се повредени, во судир на „Југо„ со скопски регистарски таблички и „Опел-Корса“ со тетовски регистарски таблички што денеска околу 10 часот се случи на магистралниот пат Охрид-Скопје кај селото Врбјани.
и покрај сериозните оштетувања патниците од корсата минале неповредени
На лице место загинале двајца патници од југото во кое патувало семејството Павловски од Скопје. Загинатите најверојатно се баба и внука, додека возачот и уште една жена (веројатно негова сопруга) со тешки телесни повреди најпрвин се пренесени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ во Охрид, од каде со возило на итната медицинска помош се пренесени на Клиничкиот центар во Скопје.
југото беше смачкано
Како што не информираа од Коснозглобна двајцата повредени имаат сериски фрактури на ребра, повреди во пределот на градниот кош, и скршеници на левата надлактица, која кај мажот е од отворен тип. Патниците во „опелот“, сопружниците Арифи минале само со набиеници и полесни повреди.
На местото на несреќата увид направи полиција, истражен судија и заменик јавен обвинител, но засега нема детали како дошло до несреќата.
Од она што ни беше кажано, „југото“ се движело кон Охрид, додека „опелот“ кон Кичево. Кај селото Врбјани дошло до директен судир меѓу овие две возила од што „југото“ излетало од патот неколку пати се превртело и завршило на покрив на дваесетина метри од магистралата.
страотна глетка кај Врбјани
Полицијата ги истражува причините за несреќата и работи на откривање на идентитетот на загинатите и повредените. Поради тешката сообраќајна несреќа сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Скопје извесно време бече во прекин, по што тој е нормализиран.
Г. Момироски