СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40- годишно лице од Македонски Брод сопственик и управител на фирма од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесноработење во службата“ и против 40- годишно лице од село Црвена вода, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“.

Прво пријавениот како лиценциран работник за издавање на одобрение за сеча на приватни шуми не спровел должен надзор за обележување на парцели за кои претходно бил ангажиран од страна на сопственик на четири парцели во село Арбиново, со што нанел штета на две физички лица во износ од 29.000 денари, а второ пријавениот неовластено пресекол шума во сопственост на оштетените физички лица.

OhridNews