Две лица облечени како Дедо Мраз рано наутро го нападнале чуварот на кралската палата во Стокхолм и му ја одзеле пушката. Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Андерс Крук, изјавил дека сеуште не се знае како напаѓачите успеале да стигнат до самата палата, каде го претепале чуварот пред да му ја одземат пушката и да побегнат во непознат правец.
Крук додал дека крадците не се обиделе да влезат во внатрешноста на палатата и дека за сега нема осомничени. Кралската палата е само официјална резиденција на шведските монарси, додека тие всушност живеат палатата Дротинголм, надвор од главниот град на земјата.