Македонија пропушти голема шанса да стигне до втората победа на ЕП во Полска. “Црвено –  жолтите“во третиот натпревар во А групата беа поразени од Хрватска со 81-71. Избраниците на Арсиќ одигра маестрално во првото полувреме во кое благодарение на шутот од далечина имавме плус 17 водство, а на одмор се замина со плус 12 (48-36).


По одличното прво полувреме по одморот како сосема друга екипа да истрча на паркетот. Агресивната одбрна на коцекстите на стартот на третиот период ги затвори наште чисти шутеви, а место да ја спуштат играта под обрачите нашите форсираа удар од надвор притоа никако да ја погодат целта.


Серијата 14-0 во последниот период значеше дека нема назад за “црвено –  жолтите“. Коцкестите со двете раце го прифатија нашиот подарок и не совладаа со 81-71. Македонија обезбеди пласман во наредната фаза, во која нема да пренесе бодови, додека Грција ќе пренесе четири,а Хрватска два.

М.Постоловски