За инцидентот СВР Охрид денеска околу 14 часот привела две лица од Охрид. Тие, се сомничат дека заедно со уште едно лице од Охрид, во 02 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички нападнале 28-годишна охриѓанка, а потоа и 34-годишен охриѓанец.
Тие, според пријавата од Итната медицинска помош Охрид, добиена во СВР Охрид во 05.30 часот, побарале помош во службата, а потоа, биле пренесени во Општата болница каде, кај второнападнатиот биле констатирани тешки телесни повреди. Околу 10.30 часот тој лично во СВР Охрид го пријави настанот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
OhridNews