На улицата „7 ноември“ во Охрид, вчера, околу 16 часот, 53-годишна охриѓанка била нападната од кучиња сопственост на 38-годишно лице од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

  • Притоа, друго лице се обидело да и помогне на жената, но и тоа било нападнато. Двете лица се здобиле со тешки телесни повреди и се пренесени во Општата болница во Охрид, информира Димоски.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против сопственикот на кучињата кои биле од силна раса која може да биде исклучително опасна доколку агресивно се одгледува, ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews