Сообраќајна несреќа се случи вечерва во 20:30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селата Песочан и Издеглавје, во која со повреди се здобиле две лица.
Во незгодата учествувале две патнички возила, а две лица се пренесени во специјализираната болница „Св. Еразмо“. На местото на настанот во тек е увид кој треба да ги утврди причините за несреќата. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Повеќе детали за незгодата СВР Охрид најави во текот на утрешниот ден.
OhridNews